Девет години од смртта на Душан Љубисављевиќ – Дуле од легендарното штипско дуо „Дуле и Коки“

Фото: Фејсбук

Денес навршува деветтата тажна година откако замина Душан Љубисављевиќ – Дуле, пејачот на познатото штипско дуо „Дуле и Коки“. На 23 септември 2013 година, луѓето беа во шок кога медиумите објавија дека почина еден од дуото – виолина и гитара.

Иако скромен, Дуле успешно се проби на сцената на која заедно со својот колега како дуо опстојуваа долги години, па за нив слободно може да се каже дека беа сакани од сите – колегите, пријателите и публиката. Ако популарноста се мери според посетеноста на настапите на „Дуле и Коки“, тој беше ѕвезда, но остана скромното момче од Штип, неговиот град, во кој заедно со Коки на „Макфест“ во 1996, победија со песната „Виолина и гитара“.

Оттогаш нивната кариера тргна во нагорна линија, сѐ до 2013 година кога Душан Љубисављевиќ – Дуле почина по неколкумесечна борба со рак на црниот дроб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tajfata (@tajfata)


„Дуле и Коки“ беа синоним за добра музика и пријателство. Душан Љубисављевиќ и Никола Јанков долги години опстојуваа на македонската сцена, а за нив слободно може да се каже дека ги сакаа и колегите и пријателите и народот.

ФОТО | Коки со емотивна објава: Нашинец во Италија си ги крстил децата Дуле и Коки

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот