ДЕТАЛОТ НА МАИЦАТА на бугарскиот Министер за одбрана ги насмеа сите

Фото: Јутуб/принтскрин

Бугарија објави дека сака да ги купи американските авиони Ф-16 за своите воздухопловни сили, за да ја заменат старата флота на руски авиони МиГ-29.

Од Софија, меѓутоа, сметаат дека цената која ја нудат САД е повисока од очекуваната, поради што Бугарија е присилена да бара компромис или дури да ги разгледа шведските и италијански алтернативи.

Бугарскиот Министер за одбрана Красимир Каракачанов им даде изјава на новинарите во Пловдив за како напредуваат преговорите со САД за купувањето на Ф-16.

Додека даваше изјава министерот носел маица со амблемот на кој се наоѓа рускиот МиГ-29.

-Исто така имам и маица со Су-25, бидејќи базата со нашите ловци е во близина. Не ја носам случајно оваа маица: Бугарија моментално користи МиГ-29 – им изјавил министерот на новинарите.

Каракачанов изразил надеж дека разговорите со САД ќе успеат за да има прилика да ја носи маицата на американскиот борбен авион.

Според неговите зборови, се очекува преговорите да завршат до крај на јуни. Каракачанов напомена дека цената за Ф-16 во никој случај не би требало да премине два милијарда лева, како што првобитно предложи САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот