Дестани: Ангажман во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции

Сопственикот на компанијата „Еколог“ бизнисменот Лазим Дестани вели дека иако изминатите неколку дена неговото име се споменува како кандидат за премиер, тој нема никакви политички амбиции.

Шпекулациите за Дестани во јавноста се појавија откако ДУИ почна со кампања за премиер Албанец, а истата не наиде на позитивни реакции ниту кај македонските, ниту кај албанските политички партии.

„Во оваа пригода, бидејќи моето име се споменува како кандидат за премиер, би сакал да посочам како што веќе кажав и претходно, дека покрај бизнисот останувам посветен и на филантропијата. Ангажман во политичкиот живот не бил и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес ќе остане во полето на економскиот развој и претприемништвото, нешто на што работев во текот на целата мојата кариера“, напиша Дестани.

Тој порачува дека би сакал по овие избори да се формира влада која ќе им служи на државата и на сите граѓани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот