Дест е новиот играч на Барса со клаузула од 400 милиони евра! (ВИДЕО)

Фото: fcbarcelona.com

Како што и се најавуваше, денеска Барселона потврди дека нејзин нов фудбалер е Сержињо Дест кој потпиша договор до крајот на сезоната 2024/25.

Во истиот договор веднаш е поставена откупна клаузула од 400 милиони евра. Трансферот од Ајакс во Барса вреди 21 милион евра плус пет милиони како бонуси. 19-годишниот десен бек е роден во Холандија, но ги брани боите на најдобрата американска репрезентација.

Покрај тоа што може да игра во одбраната, може да ја поведе топката и на противничката половина и биде опасност за ривалите, па така каталонскиот клуб го дефинираше како напаѓачки десен бек.

Со 17 години дебитираше во Б тимот на Ајакс против ПСВ во 2018 година и во сред сезоната се најде во првиот тим каде што својот прв настап го имаше лани во јули во рамките од Холандскиот Супер куп.

Во текот на минатата сезона запиша 35 настапи, од кои на 27 беше стартер. Во одбраната беше солиден, а воедно имаше два гола и шест асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот