Десетици кабини паднале, откако бил пресечен кабелот на жичница во Ванкувер

Жичара / Фото: Архива

Неколку десетици кабини на жичница се откачиле и паднале на земја во близина на Ванкувер, откако бил пресечен кабелот кој ги носи гондолите, соопшти канадската полиција. Според информациите, постојат сомневања дека се работи за вандалски чин.

Како што објави Си-ен-ен во инцидентот нема повредени, бидејќи жичницата „Си ту скај“ во тој момент не работела.

Инаку, намената на кабините е на туристите да им го долови од воздух изгледот на тој дел од Британска Колумбија и бројните водопади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот