Објект затворен од градежната инспекција во Србија

Десетици јавни објекти во Србија се небезбедни, меѓу нив има и училишта и градинки

По трагичната несреќа во Нови Сад во ноември, во која загинаа 15 луѓе, голем број српски општини почнале да ја проверуваат безбедноста на јавните објекти за кои се одговорни. Градежната инспекција утврдила дека 49 згради во Ниш се небезбедни, а 36 во Крагуевац. Тие вклучуваат училишта, градинки, општински згради и мостови, пишува „Блиц“.

Од „Патишта на Србија“ велат дека редовно ги проверуваат патиштата за кои се надлежни и дека сите патишта се безбедни.

По уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, граѓаните, но и управителите на јавните објекти се во состојба на готовност. Во последните три и пол месеци засилена е контролата на премините, зградите, мостовите и училиштата.

Во Белград на почетокот на ноември беа затворени дел од Безистенот и преминот под Вуковиот споменик. Не се знае точно колку објекти биле прегледани во главниот град. До ресорното министерство пристигнаа извештаи од терен низ Србија, а анализата е во тек, пишува „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот