Десет години од легендарното „селфи“: Елен Деџенерис ја направи една од најпознатите фотографии во поп културата

Фото: Икс/Елен Деџенерис

Поминаа десет години откако познатата водителка Елен Деџенерис сруши рекорд на социјалната мрежа Икс (тогаш сè уште познатa како Твитер), објавувајќи го легендарното селфи со повеќе актери од А-листата за време на доделувањето на филмските награди Оскар во 2014 година.

Деџенерис успеа да направи фотографија на која се најдоа Мерил Стрип, Бредли Купер, Џаред Лето, Анџелина Џоли, Бред Пит, Џулија Робертс, Џенифер Лоренс, Кевин Спејси, Лупита Нијанго и Ченинг Тејтум.

Погледот кон фотографијата и луѓето кои се на неа е своевидна временска капсула. Некои од актерите активно работат на нови филмски проекти. Но, за некои, како Кевин Спејси, кој беше отпуштен од серијата „Кула од карти“ („House of Cards“) откако се соочи со обвинувања за сексуално недолично однесување, работите се променија.

Бредли Купер, на пример, стана редовен на доделувањето на Оскарите од неговата номинација за споредна улога во 2014 година за „Американска измама“ („American Hustle“). Една деценија подоцна, тој ќе се врати на годинашните Оскари, каде е номиниран за „Маестро“ („Maestro“) – филмот што тој го режираше и продуцираше, но и во кој ја игра главната улога.

Џенифер Лоренс беше номинирана и за нејзината улога во „Американска измама“ („American Hustle“). Следната година, таа доби уште една номинација за Оскар за нејзината улога во „Радост“ („Joy“) и оттогаш секоја година се појавува во филм. Попатно, таа стана и мајка, пренесува „Си-ен-ен“.

Џаред Лето таа година доби Оскар за улогата во „Деловниот клуб Далас“ („Dallas Buyers Club“), исто како и Луптита Нјанго за „12 години роб“ („12 Years a Slave“). Оттогаш Лето се појави во повеќе блокбастер филмови, во минисеријата „Се срушивме“ („WeCrashed“) и сè уште е активен со својата музичка група „30 секондс ту Марс“.

Во тоа време, Елен Деџенерис сè уште беше домаќинка на нејзиното дневно шоу, чија последната емисија беше емитувана во 2022 година, по 19 сезони.

Анџелина Џоли и Бред Пит сè уште беа пар за време на фотографирањето. Тие се венчаа истата година на интимна церемонија во нивниот замок во Франција, но оттогаш се разведоа и се среде различни правни битки. Пит доби Оскар за 2020 година за најдобра споредна машка улога за филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ („Once Upon a Time… in Hollywood“).

Во 2014 година, Мерил Стрип го собори сопствениот рекорд кога ја заработи својата 18-та номинација за Оскар за филмот „Август во округот Осејџ“ („August: Osage County“). Таа година, Стрип загуби од Кејт Бланшет.

Сепак, „селфито“ собра 2,7 милиони ретвитови и два милиони допаѓања и стана една од најпознатите фотографии во поп културата на сите времиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот