Дербито на ЛШ е во Париз, Црвена звезда против Јанг Бојс за европска пролет

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Денеска ќе се играат натпреварите од петтото коло во фудбалската Лига на шампионите во групите Е, Ф, Г и Х.

Во групата „Е“ од 18.45 часот Лацио во Рим го пречекува Селтик, додека Феенорд од 21.00 часот го пречекува Атлетико Мадрид. Три екипи се борат за влез во нокаут-фазата, а Селтик има само шанси да стигне до третото место кое води во Лига Европа.

Табела: Атлетико Мадрид 8 бодови, Лацио 7, Феенорд 6, Селтик 1.

Во групата „Ф“ исто така е доста неизвесно, сите четири тима со шанси да се најдат во осминафиналето. Дербито во Париз меѓу ПСЖ и Њукасл од 21.00 часот, а во истиот термин Милан е домаќин на Борусија Дортмунд.

Табела: Борусија Дортмунд 7 бодови, ПСЖ 6, Милан 5, Њукасл 4.

Во групата „Г“ веќе сè е познато, Манчестер сити и Лајпциг кои ќе се соочат од 21.00 часот на „Етихад“ се сигурни учесници во нокаут-фазата на ЛШ, а за место во ЛЕ се борат Црвена звезда и Јанг Бојс кои ќе имаат директна пресметка од 21.00 часот во Берн.

Табела: Манчестер сити 12 бодови, Лајпциг 9, Црвена звезда 1, Јанг Бојс 1.

И во последната група „Х“, три екипи се во трката за првите две места, додека белгискиот Антверпен има само теоретски шанси да дојде до третата позиција и продолжување во Лига Европа. Од 18.45 часот Шахтјор Доњецк е домаќин на Антверпен, додека Барселона од 21.00 часот ќе игра против Порто.

Табела: Барселона 9 бодови, Порто 9, Шахтјор Доњецк 6, Антверпен 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот