Депилација во домашни услови: Еве како наједноставно да направите шеќерна паста за депилација (ВИДЕО)

принтскрин

Сакате депилација во домашни услови бидејќи одамна не сте го посетиле козметичкото студио поради коронавирусот? Ви претставуваме одличен рецепт како дома да направите брза шеќерна паста со само 3 состојки.

СОСТОЈКИ:

8 лажици шеќер
3 лажици лимонов сок
3 лажици вода

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ставете ги состојките во сад на појак оган околу 5 минути. Често мешајте. После 3 минути намалете ја малку температурата на шпоретот. Готово е кога смесата ќе биде густа како мед.

Претурете во сад каде ќе ја мешате пастата додека не се разлади, односно стане млака.

Смесата ја нанесувате на местото кое сакате да го депилирате во обратен правец од растот на влакната. Почекајте малку и извадете ја смесата, но во правец во кој растат влакната.

Шеќерната смеса е целосно природна и не содржи какви било хемикалии. Депилацијата со шеќерна смеса е побезболна од депилацијата со восок. Таа e eвтина, можете да ја практикувате во домашни услови. Откако ќе го совладате правењето на смесата, депилацијата е особено брза.

Ви претставуваме три видеа кои може да ви помогнат полесно да го научите процесот на подготовка на шеќерната паста, но и самото депилирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот