Денеска ќе се избере привремен наследник на Јовески

Љубомир Јовески на Анкетна комисија за Онкологија / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Советот на јавни обвинители денес треба да избере вршител на должноста кој ќе го замени актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески на кого во понеделник му истекува мандатот.

Вршителот на должност ќе се избере од редот на републичките обвинители и тој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител за кого постапката е во тек. На огласот пријавени се тројца кандидати – Лидија Раичевиќ, Фатиме Фетаи и Љупчо Коцевски.

Инаку, на седница на Советот на јавни обвинители обвинителката од ОЈО ГОКК Лиле Стефанова е избрана за обвинител во Републичкото обвинителство. Покрај Стефанова, избран е и Наум Пановски од скопското Вишо обвинителство.

Стефанова беше дел од тимот на СЈО, а во моментот единствен активен предмет кој го води е „Титаник“.

 

Фетаи, Раичевиќ и Коцевски ќе ја враќаат довербата во Обвинителството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот