Денеска беше погребан Предраг Живковиќ Тозовац: Испратен со песната „Не свири виолино“
Предраг Живковиќ Тозовац на 6 април ја изгуби битката со коронавирусот. Тозовац почина на 85-годишна возраст, а денес беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тозовац беше испратен во своето вечно почивалиште со песната „Не свири виолино“ изведена од оркестарот на Аце Софронијевиќ, пренесува „Република“.
Имајќи предвид дека тој беше страствен навивач на Црвена Звезда, на неговиот погреб му донеле и шал од клубоот.

Раде Вучковиќ, голем пријател на Предраг Живоковиќ Тозовац, одржал говор на погребот, а сите присутни плачеле од неговите зборови. Погребот се емитуваше во живо на „Јутјуб“ каде можеа да го следат бројните обожаватели на Тозовац.
Неговата кума, долгогодишна пријателка и колешка Мерима Његомир исто така, одржа говор на неговото испраќање.
„Ќе ни останат спомените од заедничката работа, патувањата, концертите и бесконечните приказни кои траеја длабоко во ноќта. Најчесто и до раните утрински часови. Тоа беше нашето неповторливо и неповратно време. Без Тозовац, таа волшебна привлечност за дружење ќе го изгуби својот сјај затоа што тој ѝ даваше значење на секоја дружба… Драг мој куме, драг пријателе, драг брате, твојата уметност, беспрекорност, музичка големина, добро срце, ќе останат во нашето сеќавање“, рече Мерима.


