матично управа за водење матични книги (4)
Слободен печат / Драган Митрески

Денес не завршувате работа за извод – бојкотираат вработените во Управата за матични книги

По едногодишни неуспешни преговори, Управата за водење на матичните книги утре ќе ја бојкотира работата, односно вработените ќе бидат на своите места, но нема да издаваат никакви документи.

Од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) и вработените во Управата за водење матични книги велат дека минатата недела се договориле на ваков чекор бидејќи досега нема решение за нивните барања.

– Вработените и утре ќе бидат на своите работни места, но нема да издаваат документи, а бидејќи секој од нив заслужува 20 отсто, поради тежината на работата, поради тоа што работат со доверливи документи, но досега нема никаков договор, на минатонеделниот состанок се договоривме да бојкотираме. Еднодневниот прекин за работата на 16 декември е во знак на револт поради долгогодишно непочитување на Колективниот договор и игнорирање на нашите барања за подобри услови и повисоки плати, велат од КСОМ.

Вработените предупредија дека, доколку нема одговор, може да следува и генерален штрајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот