Беким Сали / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Денес ме именуваа за прв вицепремиер, се фали Беким Сали

„На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата. Ова именување за мене не претставува само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, да бидам во служба на секој граѓанин, без никаква разлика, сè до целосната реализација на проектите што се од суштинско значење за сите граѓани“, напиша на социјалните мрежи Беким Сали.

„Со вера во Бога, во нашите луѓе и во иднината што заедно ја градиме, се додава во стаусот на Сали на Фејсбук, верувам дека нашата работа ќе биде успешна и дека на крајот од овој пат ќе излеземе со чист образ пред граѓаните и пред историјата“. додаде тој во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот