Урнатата настрешница во Нови Сад / EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Денес е Ден на жалост по повод годишнината од уривањето на настешницата во Нови Сад

Владата на Србија донесе одлука со која го прогласува денешниот ден, 1 ноември, за Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на железничката станица во Нови Сад, јавува Танјуг.

Експертите кои работеле на железницата во Нови Сад тврдат дека имало интервенции врз настрешницата

„Законот за одбележување на Денот на жалост на територијата на Република Србија ги регулира условите и начинот на одбележување на Денот на жалост на територијата на Република Србија, обврските на државните органи и организации, органите на територијална автономија и локална самоуправа, јавните установи и јавните претпријатија основани од нив, организациите на кои со закон им е доверено извршување на задачи на државната администрација како административни органи, обврските на другите правни и физички лица, како и санкциите за непочитување на утврдените обврски во врска со одбележувањето на Денот на жалост“, се наведува во Одлуката на Владата.

Власта на Вучиќ сака да ја затвори истрагата за трагедијата во Нови Сад?

Како што објави Владата, Денот на жалост започнува на полноќ на денот определен за Ден на жалост, а завршува во 24:00 часот на денот определен за последен ден од Денот на жалост. На 1 ноември 2024 година, 16 лица го загубија животот при уривање на настрешница во несреќа на Железничката станица во Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот