Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО)

Фото: EPA

Полициските сили возвратија со солзавец, кога дел од демонстрантите се обидоа да ја пробијат бариерата која го блокираше патот до парламентот.

За време на денешните антивладини протести во Бејрут, демонстрантите кренаа лажни бесилки кои станаа главен симбол на демонстрациите во кои се бара од властите да преземат одговорност за експлозијата, корупцијата, како и лошото управување со земјата.

Граѓаните поставија бесилки на истото место каде пред повеќе од 100 години тогашното Османско Царство обесило неколку луѓе поради бунтот против Истанбул.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како неколку демонстранти на бесилките ставаат картонски ликови од претседателот на Лбан, премиерот и други членови на владата.

Околу 5.000 луѓе се собраа на Плоштадот на мачениците во средиштето на градот, а некои од нив фрлаа и камења кон полицијата.

Полициските сили возвратија со солзавец, кога дел од демонстрантите се обидоа да ја пробијат бариерата која го блокираше патот до парламентот.

Демонстрантите извикуваа слогани како „Народот сака пад на режимот“, а носеа и натписи како „Заминете си убијци“.

Фото: EPA

-Сакаме достоинствена иднина, не сакаме крвта на жртвите од експлозијата да биде залудна – вели Роуз Сироур, една од демонстрантите.

Во експлозијата која се случи во вторникот починаа 158 лица, а повредени се над 6.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот