Павле Трајанов бара да се забрани производството на медицински канабис во Македонија
Партијата на Павле Трајанов, Демократски сојуз, бара Собранието по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели, соопштија од партијата.
Препорачано
Досега, како што додаваат, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Мин.за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели.
Секоја четврта фирма за одгледување марихуана ја изгубила лиценцата – Слободен печат
„Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“ велат од Демократскиот сојуз.
Од партијата посочуваат дека „силно ја поддржуваат акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистираат да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн“.
Исто така бараат од Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени итн.) и колку профит е остварен.
ВИДЕО: Полицијата однесе десетици тони марихуана од скопската фабрика „Алфафарм“ – Слободен печат
„Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија), тоа е засега гребење по површината на овој нарко-бизнис кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата. Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите“ додаваат од партијата.
Според Демократскиот сојуз одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија.
Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени, порачаа од партијата.


