Демократите планираат во понеделник да поднесат барање за импичмент против Трамп

Демократите во Претставничкиот дом на Конгресот планираат во понеделник да поднесат барање за импичмент против актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и британски медиуми повикувајќи се на извори од Демократската партија.

Во верзија на поднесокот на демократите пишува:
„…Претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и нивните институции на управување. Тој се закануваше на интегритетот на демократскиот систем, се мешаше во мирната транзиција на власта и загрози дел од власта. Со тоа изврши предавство на својата доверба како претседател, на очигледна повреда на народот на САД”.

„Затоа, претседателот Трамп, со такво однесување, демонстрираше дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и Уставот ако му биде дозволено да остане на функцијата и постапи на начин грубо несоодветен со владеењето на правото. За претседателот Трамп треба да има импичмент и судење, смена од функцијата и дисквалификација… “

Според медиумот, барањето за импичмент ќе го поднесат конресмените-демократи Дејвид Сицилин, Тед Лиу и Џеjми Раскин. Потегот ќе биде преземен по упадот на приврзаници на Трамп на Капитол во средата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот