фото: илустрација / архива

Демнач прогонувал скопјанка која порано му била девојка, ѝ ставил уред за следење на колата

31-годишна скопјанка вчера пријавила во полиција дека во текот на минатата година, нејзиниот поранешен партнер од Гостиварско ја следел и ѝ се заканувал, а исто така и ѝ го оштетил автомобилот, на кој претходно поставил и уред за следење, соопшти МВР.

„На 05.03.2026, 31-годишна жена од Скопје пријави дека нејзиниот поранешен партнер З.А. од гостиварско, во текот на 2025 година и упатувал закани преку мобилен телефон и преку апликација на социјална мрежа. Според пријавеното, на пријавителката и било оштетено и патничкото возило, а тој ја следел ѝ се заканувал, а имал поставено и уред за следење на нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Расчистено свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил старица, ја закопал во дворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот