Демири од Агенција за вработување: Околу 54.000 лица доцнат со пријава во евиденцијата на невработени

Околу 54.000 лица, заклучно со денеска, доцнат со пријава во евиденцијата на невработени лица како активни баратели на работа и други лица кои бараат работа, односно пасивни баратели на работа, соопшти директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири на денешната прес-конференција.

– Јавно ги повикуваме оние лица кои ги надминале роковите за пријава во евиденцијата на Агенцијата за вработување, во наредните 30 дена, почнувајќи од утре, да дојдат во центрите за вработување каде се евидентирани за да ја регулираат својата обврска, како активни или пасивни баратели на работа, рече Демири.

Тој потсети дека, согласно Законот, лице кое е евидентирано како активен барател на работа е должно лично да се јавува во Агенцијата за вработување на секои 30 дена. Лице кое е евидентирано како пасивен барател на работа, треба да се јавува на секои шест месеци.

Во спротивно, како што рече Демири, Агенцијата за вработување ќе биде принудена да ги избрише овие лица од евиденцијата на невработени лица, со што ќе ги изгубат првата што ги имаат врз основа на овој статус.

– Затоа уште еднаш сакам да апелирам до сите активни и пасивни баратели на работа кои изминатиов период не се пријавиле во Агенцијата за вработување, да го сторат тоа во наредните 30 дена или најдоцна до 19 март во 2021 година, рече Демири.

Запрашан колку лица останале без работа од почетокот на пандемијата на ковид-19, Демири рече дека до 31 јануари во 2021, евидентирани се 18.174 невработени лица за кои одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во период по 11 март 2020 година, односно во период на кризата предизвикана од коронавирусот.

Тој информира дека во Агенцијата за вработување до 31 јануари во 2021 година биле евидентирани вкупно 158.681 невработени лица како активни баратели на работа, а пасивни баратели на работа биле 90.293 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот