Деми Ловато: Јас сум пансексуалка, сега конечно можам да живеам автентично
Деми Ловато отворено проговори за својот квир идентитет и чувство на припадност во интервју за списанието „PAPER“. Американската пејачка, која се идентификува како пансексуалка, истакна колку е важно за неа да има средина каде што може да биде автентична, пренесува „Пипл“.
Препорачано
Патем, пансексуалноста спаѓа под поширокиот квир идентитет – тоа е термин што ги вклучува луѓето кои не се вклопуваат во вообичаените норми на сексуална ориентација или родов идентитет, додека пансексуалноста значи привлечност кон луѓе без оглед на нивниот пол или род.
View this post on Instagram
Во текот на својата кариера, 33-годишната Ловато често настапувала во квир простори, а сега објаснува зошто. „Мојата врска со културата на квир клубовите е… Обожавам да излегувам со моите пријатели“, рече таа. „Обожавам да танцувам и обожавам да го правам тоа во квир простори затоа што се чувствувам безбедно таму.“
Таа додаде дека не се чувствува толку заштитено во клубовите што се наменети за стрејт луѓе. „Да одев во стрејт клуб, едноставно немаше да се чувствувам толку безбедно. Чувствувам дека има поголема опасност“, продолжи таа. „Кога одам во квир простор, знам дека сум со пријатели. Знам дека ќе се забавувам одлично.“
„Отсекогаш сум се чувствувала побезбедно во квир просторите и мислам дека тоа е затоа што квир луѓето живеат толку автентично што чувствувам дека и јас можам да живеам автентично“, заклучи таа.
Пејачката, исто така, се осврна на своето детство, кое го поминала во Тексас откако се преселила од Ново Мексико.
„Да бидам квир, да имам луѓе околу мене кои ме правеа да се чувствувам безбедно да бидам своја, беше нешто по што отсекогаш копнеев како дете во Тексас“, призна таа.
Таа објасни како растењето во конзервативна средина влијаело врз неа.
View this post on Instagram
„Како квир дете во Тексас, имав многу религиозен срам да се искажам, и мислам дека тоа е затоа што пораснав во Библискиот појас… или можеби Тексас не е во Библискиот појас, но знаете што мислам. Истото“, рече таа. „Значи, сега можам да се искажам, можам да живеам автентично и да бидам своја, и се чувствувам неверојатно.“
Ловато отворено зборува за својот идентитет со години. Во октомври 2020 година, таа откри дека сфатила дека е квир откако ја гледала сцената со бакнежот на Селма Блер и Сара Мишел Гелар во филмот „Сурови намери“. Во мај 2021 година, таа се изјасни како небинарна, а истиот месец потврди дека е пансексуалка, наведувајќи дека ја привлекува „сè, всушност“.
Една година подоцна, таа повторно ги воведе заменките „таа/неа“ (she/her) заедно со „тие/нив“(they/them). Во јуни 2023 година, таа објасни за GQ Hype Spain дека донела одлука бидејќи „постојано морала да ги едуцира луѓето и да објаснува зошто се идентификува со тие заменки“.
„Беше апсолутно исцрпувачки“, рече Ловато. „Бев само уморна. Но, токму затоа знам дека е важно да продолжам да ја ширам свеста.“
Откако се омажи за музичарот Џутс, Ловато вели дека влегла во посреќна фаза од својот живот, што се одразува во нејзиниот претстоен албум „It’s Not That Deep“.
„Во фаза сум од мојот живот каде што мојата енергија е многу лесна. Тукушто се омажив“, изјави таа за PAPER. „Тонот на мојот живот е посветол. Сакав проект што го одразува тоа“.
Нејзиниот нов албум ќе биде достапен од 24 октомври.


