Демант од КФМ: Злоупотребени сме, салата ја добивме од Владата

фото: Слободен Печат

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) реагира на одлуката на Антикорупцијата комисија (ДКСК) која започна истрага против надворешниот советник на Заев, Даниел Димевски, кој е и поранешен претседател на КФМ, поради давањето под концесија на салата СРЦ „Кале“.

Оваа информација предизвика вистинска бура во јавноста, а по Димевски, денеска со реакција се јави и КФСМ која ја доби на располагање салата во СРЦ „Кале“.

КФСМ и нејзиниот претседател Перо Антиќ информираат дека салата е добиена на концесија со посебна одлука на Владата.

Соопштение на КФСМ

Кошаркарската федерација на Северна Македонија сака да ја информира јавноста во врска со последните пишувања на средствата за јавно информирање во нашата земја.

Пред сè, да изразиме сериозна загриженост поради пренесените информации поврзани со стопанисувањето на спортскиот објект при Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

Во оваа прилика сакаме да испратиме демант до сите загрижени за функционирањето на кошаркарската федерација, особено оној дел поврзан со инфраструктурата.

Точно е дека федерацијата, со посебна одлука на Владата на РСМ, го доби во свое владение објектот означен како спортска сала при СРЦ „Кале“, односно големата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје (СРЦ Кале 1).

Веруваме дека сето ова ви е доволен доказ за чесното функционирање на Кошаркарската федерација која во овој случај, со кој немаме никакви допирни точки, е крајно злоупотребена со изнесените дезинформации во јавноста.

Апелираме до одредени структури, кои го користат моментот да се јават со разно-разни конструкции, да не нè внесуваат нас во своите криминални игри.

Во една ваква, вонредна ситуација, во која пред сè, треба да се грижиме за некои други, многу поважни работи, над сè здравјето на луѓето, вклучително и кошаркарските клубови, спортските работници, играчите, во најмала рака е несериозно да се изнесуваат невистини поврзани со работата на федерацијата.

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ НА КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот