Екс претседателот на КФМ и советник за спорт на Заев под истрага на Антикорупционерите

Даниел Димевски се наоѓа под лупа на Антикорупциската комисија поради закупот на салата во СРЦ „Кале“.

Минатата година салата и беше дадена на користење на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), но сомнително за антикорупционерите е тоа што името на Даниел Димевски се појавува и како управител на правното лице кои е закупувач на салата СРЦ„Кале“.

Врз основа на добиени сознанија, ДКСК одлучи да отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски, кој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице ‘Турдолимпик’ ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ ‘Кале’ со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил Буџетот“, изјавија од Антикорупциска комисија за „360 степени“.

Токму со салата во СРЦ „Кале“ требаше да започне проект во кој спортските објекти кои се во сопственост на државата ќе им бидат дадена на располагање на спортските федерации, но проектот остана само на СРЦ „Кале“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот