Демант дека е направен пропуст на еден од головите на Националната арена!

АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата во одредени медиуми дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена „Тодор Проески“.

Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен. По детално извршената проверка, од нивна страна беше потврдено дека се задоволени условите за одржување на натпреварот.

Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот, висината на двата гола веднаш беше минимално корегирана.

На официјалната интернет страница на екипата на Тотенхем не само што немаше какви било забелешки за условите за игра, туку сите објави беа во насока на пофалби за одличната организација на натпреварот и условите за игра.

Во изминатите 20 дена на Националната Арена „Тодор Проески“ беа одиграни 5 меѓународни натпревари и сите ги поминаа ригорозните инспекциски контроли на УЕФА.

АДСДП смета дека ваквите написи, без дополнителна проверка на фактите се единствено на штета на спортот и спортските работници во државата, како и на максималните напори кои ги вложува раководството на АДСДП во одржувањето на Националната Арена „Тодор Проески’’ според сите светски стандарди.

Мурињо како сокол во Скопје, нешто не е во ред со голот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот