Мурињо како сокол во Скопје, нешто не е во ред со голот!

Фото: instagram.com/josemourinho

Жозе Мурињо е одличен познавач на фудбалот, во и надвор од истиот, а тој повторно го привлече вниманието и тоа непосредно пред одигрувањето на вчерашниот натпревар од Лига Европа помеѓу Шкендија и Тотенхем.

Португалскиот менаџер на лондонскиот клуб забележа дека нешто не е во ред со еден од головите на теренот.

Доби сугестија од неговите голмани и забележа дека голот не е според пропишаните димензии.

Тоа и го објави на социјалните мрежи споделувајќи со фановите, односно нешто не е во ред со конструкцијата на една страна по што веднаш реагираа до судиите и делегатот од УЕФА да проверат.

– Помислив дека сум пораснал, но сфатив дека голот е пет сантиметри понизок. Побаравме да се сменат головите – се зборовите на менаџерот на Тотенхем, Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот