Делови на Скопје ќе бидат затворени поради снимање на спот

МВР ги информира граѓаните дека утре и задутре, на 14 и 15 јули ќе има посебен сообраќаен режим во времето од 19.00 до 06.00 часот, поради снимање на рекламен спот од „Пигменто студио” од Скопје.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на дел од бул.„Гоце Делчев” од крстосница со ул.„Лазар Личеноски” до крстосница со бул.„Филип Македонски” (00:30 – 04:00 часот), дел од ул.„Димитрија Чуповски” од крстосница со бул.„Даме Груев” до крстосница со ул.„11-ти Октомври” (23:30 – 01:00 часот), дел од бул.„Св. Кирил и Методиј” од крстосница со бул.„Кочо Рацин” до влез во ТЦ Рамстор (00:30 – 04:00 часот) и дел од бул.„Јане Сандански” од крстосница со бул.„Србија” до влез во ТЦ Капитол (02:00 – 04:00 часот) во Скопје и за таа цел сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот