„Делии“ во еуфорија: Легендата на руската кошарка ја засилува Звезда?

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Славниот руски кошаркар Алексеј Швед е блиску да ја засили Црвена Звезда, пишуваат српските медиуми.

Договорот на Швед со ЦСКА Москва истече, а преку друштвените мрежи со кратка порака ја разбуди фантазијата на српските навивачи.

На неговата семејна фотографии му коментираа навивачите на Звезда, за тој да им одговори: Здраво, мои српски пријатели.

Швед кон крајот мај се здоби со повреди на главата. Иако не беше во животна опасност, помина одреден период во болница. Сега конечно во целост се опорави и присуствуваше на натпреварот во кој ЦСКА Москва го победи Зенит со 72:69.

Во изминатата сезона за првпат во својата историја ЦСКА не се пласираше во финалето, а по поразот во полуфиналето од Локомотив Кубан незадоволна група навивачи го нападна пред ресторан во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот