Делегацијата на ЕУ во земјава реагира за најавениот прекин на ТВ програмите

Во врска со неодамнешните случувања во врска со Македонска медиумска асоцијација и Здружението за информатички и комуникациски технологии, Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија е свесна за ситуацијата и многу внимателно ги следи случувањата.

Делегацијата на ЕУ потсетува на важноста на слободата на изразување, слободата на медиумите и пристап до информации за сите граѓани.

Ја повикуваме Владата, ТВ-станиците и кабелските оператори во Република Северна Македонија, да седнат да преговараат, со Регулаторот за медиуми, да изнајдат одржливо решение што ги почитува овие принципи, работата на сите оператори на пазарот и обезбедување на имплементација на интелектуална правата на сопственост.

Делегацијата на ЕУ е подготвена да обезбеди дополнителна техничка помош за зајакнување на правната рамка и обезбедување на сеопфатен и постојан пакет правила за медиумскиот сектор, за сите релевантни чинители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот