„Дефинитивно не изгледам како ангел“: Како лицето на Мелони заврши на фреска во Италија?
Во римската базилика „Свети Лаврентиј“ во Лучина, Италија, по реставрацијата на фреска со ангел „осамна“ лице кое многу потсетува на италијанската премиерка Џорџо Мелони, објави Би-би-си.
Препорачано
Уметникот Бруно Валентини, кој првично ја насликал фреската во 2000 година, тврди дека само ја обновил во нејзиниот оригинален изглед.
И Џорџа Мелони реагираше, шегувајќи се во објава на Инстаграм дека „дефинитивно не изгледа како ангел“, со насмеан емотикон.
Наводната сличност помеѓу лицето на ангелот на фреската и Џорџа Мелони првпат ја забележале новинарите на италијанскиот весник „Република“, кои објавиле фотографии пред и по реставрацијата, со тврдење дека фигурата на фреската што ја држи мапата на Италија претходно изгледала како генерички „ангел без лице“.
Сликата неодамна била оштетена од влага, рече локалниот парохиски свештеник, додавајќи дека „не ја разбира конфузијата“ околу нејзиниот изглед.
„Сликарите сликаат широк спектар на работи на фреските“, смета монсињор Даниеле Микелети.
Уметникот Валентини, 83-годишниот автор на фреската, негира дека премиерката Мелони бил моделот што го користел за да ја создаде фреската.
„Реставрираното лице е истото што го насликав пред 25 години. Кој вели дека изгледа како Мелони“, прашува уметникот.
Опозиционите партии во Италија побараа истрага.


