Дефектот во ХЕЦ „Вруток“ не е голем, од МЕПСО порачуваат да не се крева паника

ХЕЦ „Вруток“ / фото: АД ЕСМ

Дефектот кој настанал откако попладнево се случи експлозија во најголемата хидроелектрана во земјава, ХЕЦ „Вруток“, неофицијално не е голем и се работи на негово санирање, информираат за „Слободен печат“ високопозиционирани извори од МЕПСО.

Според истите извори, нема простор за паника и дефектот најверојатно брз ќе биде отстранет.

Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), државната компанија која е директно одговорна за електраните, Васко Ковачевски, не беше достапен за коментар непосредно откако се прошири информацијата за експлозијата.

ХЕЦ „Вруток“ е најголемата хидроелектрична централа во Македонија, со моќност од 150 мегавати. Таа е дел од Мавровскиот систем на ЕСМ, заедно со ХЕЦ „Равен“ и ХЕЦ „Врбен“.

Како што објави Фактор, денеска во ХЕЦ „Вруток“ имало експлозија по која било прекинато производството на струја.

Електрани на Северна Македонија попладнево се огласи со соопштение во кое се вели дека немало експлозија во хидроелектраната, туку се работело за помал дефект поради кој централата била надвор од функција 15-на минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот