Дебрани протестираа против поскапување на струјата

Во организација на навивачката група „Соколат” на фудбалскиот клуб „Кораб”,подржани и од други граѓански организации, доцна попладнево во Дебар беше одржан протест против поскапувањето на струјата.

Поголем број дебрани се собраа пред наплатниот пункт на ЕВН кој се наоѓа во центарот на градот.

Пред насобраните, претсавникот на организаторот, Адрит Фетаху, прочита четири барања, меѓу кои и барањето да се поништи одлуката на Регулаторната комисија за поскапување на цената на електрината енергија.

– Бараме да се поништи монополот на услугите на ЕВН и да се подобри нивното некоректно однесување кон потрошувачите и секако да се распушти Регулаторната комисија, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите на штета на многу тешката економска ситуација на граѓаните, рече Фетаху.

Четвртото барање беше да се формра независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Граѓанте со кои рзговаравме категорчни беа во барањето да се поништи одлуката за поскапување на струјата, посебно сега „кога дебрани а и жителите од другите краеви на земјата се погодени од паднемијата со Ковид-19″.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот