Дебата за чувствителното прашање на евтаназијата започна во Франција

Елизабет Борн
Елизабет Борн / Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Голема дебата за чувствителното прашање на евтаназијата започна во Франција, откако премиерката Елизабет Борн во петокот отвори граѓанско собрание што треба да се занимава со тоа до крајот на март.

Собранието од 185 членови ќе подготви препорака за одлуката, која парламентот треба да ја донесе до крајот на следната година.

„Речиси нема почувствително и сериозно прашање од она што ви е доверено. Не можеме да ја игнорираме позицијата на оние кои бараат активна помош на крајот од животот“, рече Борн.

Во Франција е забранета активна евтаназија, односно давање средства за усмртување луѓе. Дозволена е пасивна евтаназија со исклучување на уредите кои го одржуваат човекот во живот или индиректна евтаназија, со која моќните лекови ја ублажуваат болката и го забрзуваат процесот на умирање.

Прашањето за евтаназија е контроверзно во Франција. Но, дискусиите во парламентот за промена на правната основа не вродија со плод во последните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот