Дебаклот во Осло му пресуди: Италија го отпушти Спалети!
Лучијано Спалети повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Италија. Отказот за искусниот стратег доаѓа шокантниот пораз на „аѕурите“ на стартот од квалификациите за Светското првенство 2026 година од 3-0 против Норвешка која сите три погодоци ги постигна во првото полувреме.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Овој резултат само ја продлабочи кризата во националниот тим, кој веќе пропушти две последователни светски првенства во 2018 и 2022 година. Можноста за трет неуспех во низа би била тежок удар за фудбалската гордост на четирикратниот светски првак и неговата славна традиција, па поради тоа во федерацијата и брзо реагираа.
Спалети ја презеде селекцијата во август 2023 година, по неочекуваното заминување на Роберто Манчини. Иако на неговото доаѓање се гледаше како на нова надеж за стабилизација и прогрес, репрезентацијата не успеа да ги исполни очекувањата.
На Европското првенство во Германија минатата година, Италија беше елиминирана уште во осминафиналето по пораз од Швајцарија. Засега не е познато кој ќе биде наследникот на Спалети кој за последен пат „Аѕурите“ ќе ги води во утрешниот натпревар против Молдавија.


