Дебакл за Пелистер во Словенија, пораз од Хелиос од 54 поени разлика

Фото: КФСМ

Без високи амбиции дојдоа битолчани на завршниот турнир од АБА 2 лигата. особено откако поради технички проблеми останаа без помошта на американскиот двоец Карутерс-Карпентер, а непосредно пред заминувањето за Словенија, се повреди и репрезентативецот Андреј Маслинко. Доминантната одлука на Хелиос се потврди и на паркетот па битолскиот состав доживеа дебакл од 47:101.

Со ултра краток играчки ростер со кој Пелистер се појави во Домжале, извесно, Хелиос беше двојно поголем конкурент за место во полуфиналето.

Пракртично, тренеерот Марјан Илиевски изведе една петорка која требаше да го понесе најголемиот товар во овој четвртфинален натпревар во коај покрај стандарните стартери како Стајиќ, Хаџифејзовиќ, делумно, на одредени натпревари во сезоната, и Караџовски, „влегоа“ уште и Силаџи, односно Сапунџиев.

Уште потешко стана за „пелистерци“ ако се земе в предвид дека првите три напади домашната екипа ги заврши со три точни удари зад линијата од 6.75 метри, и почетни (9-3).

На крајот на првата четвртина Хелиос се стекна со двојно повисока предност (24:12). Веќе на полувремето таа „порасна“ на веќе недостижни (56:24).

Сето останато беше само една обична формалност, и промоција на Хелиос во полуфиналист на АБА 2 лигата.  Претходно, место во полуфиналето остварија уште и екипите на Подгорица (со победа против ланскиот шампион, Златибор), и Крка, која беше подобра од Сутјеска.

Во последниот четвртфинален натпревар, од 21.часот, вечерва ќе играат Борац од Бања Лука на нашиот репрезентативец Теодор Симиќ и Широки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот