Де Пол: Секој кој разбира фудбал знае дека нема да има друг како Меси
Аргентинскиот фудбалски репрезенатативец Родриго де Пол изјави дека најважната карактеристика на неговиот сонародник Лионел Меси е она што го донел во срцата на луѓето.
Препорачано
Де Пол беше замолен да ги коментира зборовите на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо дека е најдобар во светот и се обиде да зборува дипломатски.
– Претпоставувам дека морам да одговорам дипломатски затоа што не сакам да предизвикувам контроверзии, но чувствувам дека секој што има најмало познавање од фудбалот или барем малку го разбира, сфаќа дека никогаш нема да има друг како Меси – изјави играчот на шпанскиот Атлетико Мадрид за својот соиграч Лионел Меси, цитиран од infobae.com.
Меси има 37 години и моментно настапува за американскиот клуб Интер Мајами:
– Поради сè што направи и сè што постигна, но најважно е што создаде во срцата на луѓето. Нема да зборуваме за титули или достигнувања, бидејќи тоа што го прави ги тера луѓето да плаќаат сè само за да го видат, да видат како дрибла и како прави асистенции. Лео е уметност. Кристијано е ѕвер во однос на конкурентност и исклучителен стрелец, но Лео е уметност – вели Родриго де Пол.


