Де Лихт е најголемиот фудбалски талент за 2019 година! (ФОТО)

фото:твитер

Одбранбениот играч на Јувентус, Матијс де Лихт е прогласен за најдобар млад фудбалер на светот.

Холандскиот дефанзивец имаше неверојатна сезона со Ајакс, а благодарение на добрите партии направи трансфер во италијанскиот шампион.

На вечерашното доделување на фудбалските награди во Париз, во својата конкуренција ги остави зад себе играчот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.

– Горд сум на оваа награда. Му благодарам на мојот поранешен клуб Ајакс, сегашниот Јувентус, семејството, девојката и на сите кои гласаа за мене – рече Де Лихт.

За најдобрата холандска репрезентација 20-годишниот централен бек има досега 23 натпревари и два голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот