Претседателската вила на Водно / Фото: Фејсбук / Villa Vodno

ДБКИ конечно влегла во Вила Водно: „Осомничениот за шпионската афера немал пристап до класифицирани информации“

Од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) на прашање за телевизија Телма, денеска одговорила дека извршиле инспекција во кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, откако во мај во „Слободен печат“ беа објавени првите информации за шпионската афера на Водно.

Од ДБКИ изјавиле дека осомничениот немал пристап до класифицирани информации.

Дирекцијата не го направила вонредниот инспекциски надзор кога е пријавен случајот во декември, туку по објавата од „Слободен печат“, односно, пет месеци по пријавата во МВР и отворањето на предистрагата.

Инаку, Дирекцијата врши инспекции за проверка на начинот на ракување и на чување на класифицирани информации во институциите.

Предистрагата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое одговорило дека не може да сподели повеќе информации поради тајноста на постапката, а по предметот се постапува активно и од ОЈОГОК и од МВР.

Случајот бил пријавен во МВР на крајот на декември, а инцидентот се случил во ноември. Осомничен е ИТ администратор во кабинетот на претседателката кој работел како надворешен консултант и како поранешен армиски специјалец е во пензија со бенефициран стаж. Сомнежот е дека копирал документи од компјутерскиот систем.

 

Шпионската афера со месеци без епилог – видеоснимки без трага, докази без анализа

„Шпионски талог“ ги ширел сомнежите за аферата за шпионажа, а Абази создавал паника, вели Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот