Христијан Мицкоски/ Фото: Фејсбук

„Шпионски талог“ ги ширел сомнежите за аферата за шпионажа, а Абази создавал паника, вели Мицкоски

Сомнежите за наводна шпионска афера во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за премиерот Христијан Мицкоски, потекнуваат од како што вели „шпионски талог на општеството“ структури кои во минатото се наоѓале во кабинетите на поранешните политичари, а Обвинителството на чело со обвинителот Ислам Абази создавал паника во јавноста дека нешто се случувало.

-Тоа е шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери итн. и тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителства. Се разбира, таму е Ислам Абази веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари затоа што мислам дека треба да ги заборавиме – изјави Мицкоски на новинарско прашање за наводниот шпионски скандал во Вила Водно.

Неговата изјава доаѓа по објавата на „Слободен печат“ дека има сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката и дека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција води предистрага дека вработен во Кабинетот извлекувал податоци од компјутери во Кабинетот за да се утврди дали биле извлекувани податоци и предавани на странска разузнавачка служба.

Обвинителството за организиран криминал и корупција со месеци чекало одговори од Министерството за внатрешни работи, иако уште во декември минатата година била отворена предистражна постапка и биле преземени повеќе истражни дејствија, надлежната обвинителка која деновиве е во центарот на вниманието за случајот со мазутот, Катерина Коларевиќ, сѐ уште нема добиено конечни резултати од анализите на одземената компјутерска и телефонска опрема, ниту пак видеоснимки од безбедносните камери во и околу кабинетот на претседателката.

сомнежи, шпионажа, кабинет, претседателка, Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот