Давитков: Антиќ направи грешки во чекори

Јорданчо Давитков/фото: facebook.com/jordanco.davitkov

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија ги обвини челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) за неговата смена, односно непродолжувањето на договорот.

Давитков ја предводеше репрезентацијата во претквалификациските циклуси преку кои успеа да обезбеди и пласман во квлаификациите за ЕП 2021. Но, по доаѓањето на Антиќ за претседател на КФСМ, неговиот договор не беше продолжен и беше назначен нов селектор, Александар Тодоров.

Според Давитков, кој пред неколку дена го напушти тимот на Кадсија од Кувајт, новото раководство направи серија грешки во чекори и тие се најголеми виновници за катастрофалниот старт и двата порази во квалидикациите за ЕП 2021.

Од самиот почеток, новото раководство на КФМ направи грешки во чекори, а потоа со доделување на функциите на останатите луѓе, тие грешки стануваа сѐ подлабоки. Ние од самото дно стигнавме на чекор до ЕП, играчите веќе се прилагодија на мојот систем на работа, имавме одлична атмосфера, а со тоа и шанса да се ѝ се реваншираме на Естонија и да се пласираме на ЕП, кое сега и не знаеме кога точно ќе се одржи. Факт е дека многу наивно загубивме од Естонците, а сега најавите дека како гости ќе ги победиме со повеќе десет разлика на гости ми немаат никаква смисла. Искрено, слушам многу за некакво подмладување, но не знам за кое зборуваат тие. Освен Јакимовски, тие што играа кај мене играат и сега. Според мене, приказните во стилот „чекајте нѐ неколку години, па ќе победиме“ во спортот не држат. Резултати или има веднаш или воопшто ги нема – изјави Давитков за Алфа телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот