Давидс: Жените треба да се поттикнат да имаат поголема улога на пазарот на трудот

Инвестирање во растежот, поголема слобода на приватниот сектор и инвестирање во луѓето и во одржливоста, а во исто време и продолжување на реформите, зашто Северна Македонија и натаму добро котира на листата на земји на Дуинг бизнис, вели Кун Давидс, извршен директор на Холандската конституенца на Светската банка, во која припаѓа и нашата земја, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, запрашан за ретроспектива на 2019. за македонската економија.

Давидс наведува дека Бордот на Светска банка го одобрил проектот за локални патишта во држвава, во вредност од 70 милиони евра.

Според Давидс, државава мора да инвестира во човечки капитал, во подобрување на продуктивноста и постојано да работи на реформи за унапредување на бизнис околината.

Извршниот директор на Светска банка се осврнува и на важноста од надградбата во образованието во сите сфери и го истакна значењето на поголемата вклученост на жените во општествените текови.

– Едно е јасно, во Северна Македонија е потребна обука за поголема продуктивност. На пример, жените треба да се поттикнат да имаат поголема улога на пазарот на трудот, вели Давидс. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот