Даути: Врнежите се добредојдени, нека има доволно влага за непречена обработка на почвата

Фото: mia.mk

Дождовите што го зафатија регионот, ќе се одразат поволно за претстојната сеидба, информираа денеска надлежните од подрачната единица Куманово при Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство (МЗШВ). Снег годинава немаше во реонот, но доколку продолжат врнежите од дожд ќе има доволно влага што е потребна за непречена обработка на почвата.

– Имајќи предвид дека во изминатиот период наврна поголема количина на дожд, влажноста на почвата позитивно ќе се одрази врз претстојната сеидба. Во наредниот период доколку нема снег, а има обилни врнежи на дожд, ќе има доволно влага за обработка на земјиштето и доколку се запазат сите агротехнички мерки во насадите, се очекува добар род за оваа година, изјави раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Насер Даути.

Тој појаснува дека во случај на излевање на реките, може да дојде до оштетување на почвата, но додава дека екипите на водостопанство „Кумановско-Липковско поле” преземаат мерки за чистење на речните корита.

– Во однос на овошките, во наредниот период следува редовна резидба и примена на зимска заштита со бакарни препарати. Доколу во наредниот период нема појава на мразови и температури под нулата и доколку се запазат сите агротехнички мерки на насадите се очекува добар род за ова година. Ако, пак, во случај на ниски температури во наредниот период, тие неповолно ќе се одразат кој овошките и кај лозовиот насад, бидејќи во март и во април лани имаше голема штета кај овоштарниците во одделни места во кумановскиот регион. Се надеваме дека во идните месеци климатските услови да се оптимални, но земјоделците навреме ќе бидат известени од наша страна, изјави Даути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот