Дарко Ѓукиќ по три сезони го напушти Вардар

Фото: Dinamo Bucuresti

Српскиот ракометар, Дарко Ѓукиќ по три сезони ќе го напушти Вардар и кариерата ќе ја продолжи во редовите на романскиот Динамо Букурешт.

Во Динамо, Ѓукиќќ пристигнува да ја засили позицијата на десно крило со која имаше проблеми во изминатата сезона.

„Среќен сум што доаѓам во еден од најголемите проекти во европскиот ракомет. Познавам многу од моите идни колеги и верувам дека ќе оствариме добри резултати“, изјави Ѓукиќ.

Во минатото Ѓукиќ покрај Вардар играше за Металург, Бешикташ, Кјелце и Мешков Брест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот