Дарко Ѓукиќ две години во дресот на ГРК Охрид
Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ официјално е новото засилување за ракометниот клуб Охрид.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Десното крило (30 год, 191см) стави потпис со „Гладијаторите“ на минимум две години.
Ѓукиќ доаѓа од екипата на РК Динамо Букурешт, шампион на Романија, а пред тоа настапуваше за екипите на РК Вардар 1961, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и Металург, со одлични настапи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската Лига.
За репрезентацијата на Србија бележи одлични настапи на официјални натпревари, светски и европски првенства.
– Поздрав до сите навивачи на ракометниот клуб Охрид. Сакам да ве известам дека во следните две години ќе бидеме заедно на иста страна. Ќе се бориме за клубот и за градот како што е Охрид. Се надевам дека ќе имаме многу радости заедно. Ве поздравувам и се гледаме наскоро – рече Ѓукиќ.
Претходно првиот тим на ГРК Охрид се засили и со Стефан Петриќ, Ориол Реј Моралес, Илија Трајчески, Бојан Блажески и Давид Савревски. Нов тренер на клубот е Борис Ројевиќ.
Претходно ГРК Охрид го напуштија досегашниот тренер Стевче Алушовски, како и играчите Бобан Ристевски, Милорад Кукоски, Никола Јукиќ, Живан Пешиќ, Хироки Матсуока, Горан Крстевски и Циао Винициус.


