Данската премиерка му се извини на народот бидејќи не носела маска во продавница

Мете Фредериксен
Мете Фредериксен/ Фото EPA-EFE/Philip Davali DENMARK OUT

Данската премиерка Мете Фредериксен се извини откако беше снимена без маска во продавница, спротивно на новите анти-ковид правила, пренесува НДТВ.

Видеото што го објави вчера данскиот дневен весник „Екстра Бладет” е снимено во петокот од случаен минувач низ излог во центарот на Копенхаген, четири дена по повторното воведување на обврската за носење маски на јавни места и во јавниот превоз.

 Се работи за превид, откако стапија во сила новите правила. Тоа го сфатив кога ме сними граѓанин, реагираше Фредериксен на социјалните мрежи.

Ова е навистина редок и необичен случај.

 Знам дека тоа може да му се случи на секого. Жал ми е и сакам уште еднаш да ви се заблагодарам за сè што правиме заедно за да ја спречиме епидемијата, рече таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот