Данска им нуди трета доза на граѓаните вакцинирани со две различни вакцини

Вакцинација / Фото: EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Во Данска на луѓето кои примиле две различни вакцини ќе им се понуди и трета доза од вакцината за да им се признае статусот на вакцинирани лица надвор од шенген зоната, каде важат различни правила, пренесе Хина.

Данското министерство за здравство соопшти дека на лицата кои примиле различни вакцини ќе им се понуди и трета доза откако ќе биде завршена националната програма за вакцинација.

Причината за тоа е што неколку држави надвор од ЕУ и шенген зоната при влез во земјата на лица кои се вакцинирани со различни вакцини не им признаваат дека се целосно вакцинирани. Тоа може да им направи проблеми за патување на речиси 150.000 дански државјани кои примиле две различна вакцини.

Данските медиуми неодамна известија за Тајланѓанка која живее во Данска и која не може да ги посети родителите во Тајланд, бидејќи заради различните вакцини кои ги примила не може да влезе без карантин во земјата.

Вкупно 151.335 граѓани во Данска, во главно здравствени работници, на почетокот добиле вакцина од Астра-Зенека, а потоа таа беше отстранета од службената програма за вакцинација заради загриженост за крвни згрутчувања. Тие потоа добиле или од вакцината на Фајзер или од таа на Модерна, како втора доза. Сега наводно, тие повторно би требало да добијат од вакцината на Фајзер или Модерна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот