Данска е првиот финалист на Светското првенство!

Данска е првиот финалист на Светското првенство откако вечерва со 26:23 славеше победа против Шпанија, а во финалето ќе игра против подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Шведска и Франција.
Шпанците вечерва имаа егал-меч, но како да загубија сила во клучните моменти. По првото полувреме водеше Данска и со 10:15, сепак Шпанците се вратија до 20:21.
Во тие моменти Данците повторно го подигнаа нивото на игра, а на голот го имаа секогаш одличниот Ландин, па не дозволија изненадување. Во финалето Данска ќе се обиде да дојде до титулата откако го освои трофејот на домашно тло и оној во Египет.
Норвешка и Унгарија во истиот термин играа во разигрувањето од 5-то до 8-мо место. Подобри беа Норвежаните со 33:25, па така тие обезбедија натпревар со Германија за петтото место, Германците претходно беа подобри од Египет.