Даниловски: Јас сум „за“ вакцинирање на помлади од 18, но не верувам дека кај нас ќе дојде до тоа

д-р Драган Даниловски /Фото: Архива на Слободен печат

Во врска со евентуалното враќање на учениците во училиштата од септември, професорот на Медицински факултет и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски за „Слободен печат“, вели оти по стивнувањето на пандемијата учениците ќе се вратат на настава со физичко присуство. 

– Ќе се вратат и онака – откако ќе стивне епидемијата. Дефинитивно, од септември би требало наставата нормално да се изведува. Се разбира, ако трендот на бројките продолжи како досега и ако темпото на вакцинирање остане исто и ако не останат премногу вакциноскептици и антиваксери… Останува да видиме – истакна Даниловски, кој потоа зборувајќи за евентуално вакцинирање на учениците во нашата земја, посочи оти не верува дека тоа ќе се случи.

– Во принцип, јас сум „за“ вакцинирање и на помладите од 18 години. Но, не верувам дека кај нас ќе дојде до тоа – заклучи Даниловски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот