Далиќ на „слатки маки“: Дали ова е можниот состав со кој ќе истрча Хрватска против Аргентина?

Хрватска го брка своето второ финале на Мундијалите/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Сите репрезентативци на Хрватска го одработија последниот тренинг и се подготвени за натпреварот против Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Денеска од 20.00 часот на стадионот во Лусаил ќе се игра првиот полуфинален меч, „гаучосите“ го бркаат шестото, а „коцкестите“ второто финале на Мундијалите.

Најважната вест за Хрватска е дека сите играчи тренираат, што на прес-конференцијата го соопшти и нејзиниот селектор Златко Далиќ.

– Имаме сила, имаме енергија, тоа не е спорно. Знаеме дека ќе дадеме сè од себе, имаме добра ситуација во тимот, немаме големи проблеми, сите се здрави и подготвени – изјави Далиќ.

Далиќ не би требало да има премногу дилеми околу составот. На голот, во одбраната и средниот ред не треба да има изненадувања. Прашање може да биде позицијата десно крило, дали како и против Бразил ќе стартува Марио Пашалиќ или Никола Влашиќ. Предност во нападот најверојатно ќе му се даде на Андреј Крамариќ, освен доколку Далиќ не се реши за Бруно Петковиќ, стрелецот против Бразил во четвртфиналето.

Можниот состав на Хрватска против Аргентина:

Ливаковиќ; Соса, Гвардиол, Ловрен, Јурановиќ; Ковачиќ, Брозовиќ, Модриќ; Влашиќ (Пашалиќ), Крамариќ (Петковиќ), Перишиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот