Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Дали знаете колку се вредни монетите од една од претходните Олимпијади?

Некои монети од 50 пени со олимписки мотиви, кои беа пуштени во оптек пред една деценија, можат да вредат и до 1.500 фунти, пишува британски Сан.

Имено, во 2011 година, Кралската ковачница издаде 29 нови монети во чест на Олимписките игри, одржани една година подоцна во Лондон. Значи, ако сте имале среќа да гледате спорт во живо во 2012 година, проверете ги вашите паричници. Која е најретката монета?

Според ЧејнџЧекр.орг станува збор за паричка со фудбалски мотиви, издадена во само 1,1 милион примероци. Меѓутоа, кога станува збор за најскапа продадената, како што пренесува британски Сан, е онаа со мотиви за пливање. Наводно била продадена на еБеј за 1.500 фунти (околу 1.700 евра).

Според оригиналниот дизајн, на монетата е прикажан пливач со бранови кои минуваат по неговото лице, но набрзо била адаптирана. Дизајнерскиот недостаток го прави повреден за колекционерите.

За разлика од „фудбалската“, паричката „пливање“ е кована во речиси 2,2 милиони примероци. Иако се најретки, цената на фудбалските парички е многу пониска во однос на пливачките парички, а се продаваше за 75 фунти (околу 86 евра). Втората најретка монета е онаа со мотиви за борење и продадена за 30 фунти (околу 34 евра), пишува Телеграф Бизнис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот