Дали знаете која боја е прогласена за најгрда на целиот свет? На некои луѓе им предизвикува гадење

Фото: YAY Media AS / Alamy / Alamy / Profimedia

Пред 12 години, австралиската влада побарала студија од една истражувачка агенција да проучи што е тоа на кутиите цигари што им е привлечно на пушачите, а што не. Целта била да се намали бројот на пушачи во земјата. Повеќе од 1.000 пушачи биле испрашани и агенцијата го претставила својот заклучок до властите:

– Ова е најодбивната боја што постои и треба да стои на пакувањата со цигари – изјавиле од агенцијата „ГФК Блумун“.

Бојата, наречена „Pantone 448 C“, била прифатена како „официјална“ на пакувањата цигари во Австралија, а овој тренд подоцна се проширил и во остатокот од светот. Франција, Израел, Велика Британија, Норвешка, Белгија, Уругвај… ова се само дел од земјите кои целосно или делумно ја прифатијле оваа идеја.

Бојата наликува на мешавина од кафена и зелена, а австралиските власти првично ја нарекле „маслинесто зелена“, но ова име мораше да биде отфрлено по бројните поплаки на маслинарите кои не сакале да се поврзуваат со оваа боја.

– Ги потсетува луѓето на смрт и нечистотија. Никој немаше позитивни коментари за неа – објаснила во една прилика за британските медиуми Викторија Пар, која го водела истражувањето.

Иако многу земји ја прифатија како „најгрдата боја на светот“, некои корисници на интернет мислат дека оваа боја е всушност убава.

– Поголемиот дел од мојата гардероба е во оваа нијанса. Не сакам да се истакнувам и да носам светкава облека. Според мене, има многу погрди бои – коментирала една госпоѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот