Фото: freemalaysiatoday

Дали треба да пиеме јаболков оцет? Диететичарка ги споделува придобивките и ризиците

Ако сакате дополнително да го подобрите своето здравје, размислете да додадете јаболков оцет во вашата исхрана. Диететичарката Јулија Зумпано открива колку навистина е корисен јаболковиот оцет и дали постојат некакви ризици поврзани со неговото консумирање.

Јаболковиот оцет настанува со ферментација на јаболка и содржи витамини Б и Ц, оцетна киселина (која помага во борбата против штетните бактерии), природни пробиотици и антиоксиданти. Освен тоа, има и неколку придобивки за здравјето.

Фото: freemalaysiatoday

Го намалува холестеролот

Студиите покажале дека консумирањето јаболков оцет на празен стомак може да го намали вкупниот холестерол и триглицеридите и нивото на гликоза во крвта. Исто така, го зголемува нивото на ХДЛ, односно добриот холестерол, кој помага во отстранувањето на лошиот холестерол од крвотокот и го намалува ризикот од срцеви болести.

Го регулира нивото на шеќер

Според студиите, редовното консумирање јаболков оцет на празен стомак во текот на повеќе од осум недели може да го намали нивото на гликоза во крвта. Оцетот го забавува процесот на варење, што го забавува ослободувањето на гликоза во организмот.

Го поддржува здравјето на цревата

Бидејќи јаболковиот оцет е пробиотик, тој го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата. Ова може да помогне во одржувањето редовно варење, во зајакнувањето на имунитетот и во намалувањето на проблемите со рефлуксот.

Се користи како средство за дезинфекција

Јаболковиот оцет може да елиминира одредени видови на патогени надвор од телото, иако не е делотворен против сите. Истражувањата покажаа дека ефикасно ги потиснува бактериите како што се МРСА и Ешерихија коли.

Нема доволно докази дека јаболковиот оцет помага при слабеењето, но студија од 2024 година покажа дека неговата секојдневна консумација може да ја намали телесната тежина, БМИ, како и нивото на гликоза, триглицериди и холестерол, пишува „Јаху лајф“ (Yahoo Life).

Колку јаболков оцет треба да се консумира дневно?

Една до две лажици се доволно, вели Зумпано, а понекогаш и помалку од тоа е корисно. Можете да започнете со една мала лажичка и постепено да ја зголемувате дозата на една до две лажици дневно.

Зумпано препорачува да јаболковиот оцет да го измешаме со вода за да биде полесен за консумирање. Можеме да го земеме пред јадење или непосредно по оброкот за да го олесниме варењето.

„Како ќе го земете зависи од тоа колку добро го поднесувате и што сакате да постигнете“, вели тој. Исто така, можеме да го користиме и за правење преливи за салата.

Кои се ризиците од консумирање јаболков оцет?

Ако не се разреди, може да ја оштети слузницата на хранопроводникот и забната глеѓ. Исто така, може да предизвика пречки во варењето и да го намали нивото на калиум, што може да го попречи дејството на одредени лекови.

Иако јаболковиот оцет е безбеден кога се консумира на правилен начин – разреден, во мали количини – консултирајте се со вашиот лекар за да бидете сигурни дека нема да ги попречува лековите што ги земате или да ги влоши постоечките здравствени проблеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот